• Иван Димовски
Две победи по изведување на седмерци беа доволни новиот предводник на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, да ги исвои срцата на битолчани. Мирниот скандинавски стручњак ги надмина сите проблеми со тимот, користеше некои играчи со половина „сили“, а не го стави во игра ни минута последното засилување Мохамед Суси.
Сепак, овој Еурофарм Пелистер се надмина карактерно. Кога Стевановиќ погоди за 23-23 и изведување на седмерци, се чинеше дека психилошкиот шок ќе ги „убие“ битолчани. Но, во пенал-серијата беше поинаку и Лесјак го донесе првиот „фајнал-фор“ за Еурофарм Пелистер.
Првата честитка за успехот на Ларс Валтер стигна од претседателот Зоран Стерјев, кој како и секогаш пасионирано го следеше натпреварот. Проектот на битолчани тргна на добра нога.