• Иван Димовски
Организаторите на Меѓународниот ракометен турнир - Струга потврдија дека го добиле првиот позитивен одговор од странска екипа за учество на 52. издание на традиционалниот настан.
Станува збор за шведскиот тим Ескилстуна Гуиф, екипа која и во минатоте години беа редовен учесник и формата ја темпираа преку Струшкиот турнир. Оваа сезона Ескилстуна во шведскиот шампионат финишира на деветтото место, на чекор зад последната позиција која води во плеј-офот. Инаку, тренер на овој тим е Зоран Рогановиќ.
Што се однесува до останатите клубови, се очекува на турнирот да настапат Еурофарм Пелистер и Тиквеш покрај домаќинот струга. Засега делува дека бранителот на титулата Вардар 1961 нема да биде дел од турнирот.