Прв странски предизвик за Ивана Џатевска, ќе игра во Унгарија

Македонската ракометна репрезентативка Ивана Џатевска има нов клуб и почнува интернационална кариера. Младата ракометарка замина во Унгарија каде ќе го носи дресот на Кишварда.

20-годишниот кружен напаѓач во унгарскиот тим доаѓа по повредата на една од главните пикерки во екипата. Во актуелната сезона Џатевска го носеше дресот на ЖРК Чаир, а претходно настапуваше и за ЖРК Вардар.

Со двата тима Џатевска играше меѓународни натпревари, а ова нема да ѝ биде прв престој во Кишварда затоа што претходно со репрезентацијата на Македонија на овој терен гостуваше на меч со Украина во циклусот за Светското првенство.