Прв пораз на Македонија, Србија го освои турнирот „Марко Божиновски“

Селекцијата на Србија триумфира на Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Марко Божиновски 9“, откако во финалето ја совлада Македонија А.

Мечот заврши со резултат 32-26 (полувреме 16-13), а за македонската репрезентација ова беше прв пораз на турнирот, откако претходно забележа две победи против Босна и Херцеговина и Катар.

Во битката за третото место ќе се соочат Македонија Б и Катар, додека петтата позиција ѝ припадна на Босна и Херцеговина, која по изведување пенали беше подобра од Романија.

Турнирот беше наменет за младински категории, со учество на ракометари до 17 години.

ФОТО: Fondacija Marko Bozhinovski / Facebook