Прв интернационален предизвик: Мишевски потпиша за Гренобл! 

Младиот македонски ракометар, Марко Мишевски, и официјално ги напушти редовите на европскиот шампион Вардар, и за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. 

Во потрага по поголема минутажа, талентираниот лев бек не замина на подготовки со вардарци и по разгледувањето на неколкуте понуди се реши да премине во Франција. Негов нов клуб ќе биде тимот на Гренобл, кој во новата сезона ќе се натпреварува во втората по ранг лига на Франција.

19-годишниот Мишевски е дете на Вардар, цела својата кариера ја мина во „црвено-црниот“ дрес, а во последните сезони настапуваше за Вардар Јуниор