Противникот на ЖРК Вардар на Ф4 го промовираше новиот тренер

Шпанскиот тренер Мартин Амброш од следната сезона и официјално ќе седне на клупата на рускиот шампион Ростов Дон. Противникот на ЖРК Вардар на завршниот турнир во Лигата на шампионите, сега е предводен од Фредерик Бужан, но на лето тој се враќа во Франција во тимот на Нант, а на негово место доаѓа тренерот на актуелниот европски првак.

Рускиот тим ја објави оваа вест на клупската веб страница. Амброш ја започна тренерската кариера во шпанскиот Ичако, со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите во 2011 година, пред да се пресели во Ѓер, каде ја одработува шестата сезона. Со унгарскиот тим три пати ја освои титулата во Лигата на шампионите. 

Покрај клупскиот предизвик, Амброш седи и на селекторското столче во женската романска репрезентација.