• Зоран Мишевски

Ривалот на Вардар 1961 во групниот сегмент на Лигата на шампионите, Нант од Франција, има нов професионалец во своите редови.
Српскиот ракометар и репрезентативец Матеја Додиќ официјално потпиша договор со францускиот ракометен гигант Нант. Додиќ доаѓа во Франција како „медицински џокер“ по повредата на десното крило Каулди Одриозола.
Србинот во Нант пристигнува од редовите на хрватскиот шампион Загреб. Крилото до Србија потпиша соработка со францускиот вицешампион со важност до јуни 2027 година.
Додиќ со јуниорската репрезентација на Србија освои бронзен медал на Европското првенство за играчи до 20 години во 2022 година.
