Противникот на Еурофарм во ЛШ со ново засилување: Србинот Орбовиќ се пресели во Бидасоа

Некогашниот освојувач на Лигата на шампионите и овосезонски противник на Еурофарм Работник во европската елита, Бидасоа Ирун, доведе ново засилување во своите редови. 

Шпанскиот тим со ланскиот успех и втората позиција во АСОБАЛ лигата по подолго време се враќа во Лигатана шампионите, а за овие настапи ќе биде посилен за српскиот ракометар, Милош Орбовиќ. 

26-годишниот ракометар во Шпанија доаѓа од редовите на тимот на Политехна од Темишвар, клуб кој му беше прва интернационална станица по долгогодишните настапи за Војводина

Орбовиќ не сакаше да остане во Романија, а одбил и солидна финансиска понуда од грчки АЕК, само заради желбата да игра во Лигата на шампионите. 

Бидасоа својот прв натпревар во Лигата на шампионите го игра за два дена на гости кај Татран Прешов, додека со Еурофарм Работник првпат ќе се соочи на 29 септември пред својата публика.