• Горан Упале
Швајцарскиот ракометар Енди Шмид пред еден месец настапуваше за Швајцарија на Европското првенство, а потоа најави крај на професионалната кариера. Швајцарската легенда својот последен натпревар го одигра против Македонија, а еден месец подоцна од тој дуел е назначен за нов селектор на Швајцарија.
Поранешниот најдобар играч на Бундеслигата на таа позиција ќе дебитира на пријателскиот натпревар против Данска, а потоа со репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за пласман на Светското првенство во 2025 година.
Шмид пет пати во кариерата беше прогласуван за најдобар играч во Бундеслигата и освои две шампионски титули на Германија со Рајн Некар Левен, а за Швајцарија забележа 218 настапи и постигна 1.094 голови.