Против Данска никогаш не сме победиле, Швајцарците ни се чести „муштерии“

Македонија ќе се соочи со добро познати ривали, но и со нови предизвици во евро-квалификациите. Данска никогаш не сме ја победиле, а никогаш и не сме играле во квалификациони натпревари.

Сите наши дуели на завршните турнири на Европско или Светско првенство завршија во полза на скандинавскиот ривал, а посебно се сеќаваме на дуелот во Белград во 2012 година и пропуштената шанса за триумф над подоцна европскиот шампион.

Следната година во Севиља игравме и во групата на Светското првенство и во натпревар во кој важно беше местото во групата, Македонија повторно загуби. Финска ни е непознаница, а со Швајцарија секогаш излегувавме како победници. 

Меѓусебни натпревари Македонија - Данска:
25.01.2009 - Данска – Македонија 32-24
21.01.2012 - Данска – Македонија 33-32
18.01.2013 - Данска – Македонија 33-30
12.01.2014 - Данска – Македонија 29-21
24.01.2018 - Македонија – Данска 20-31

Меѓусебни натпревари Македонија - Швајцарија:
15.01.2003 - Македонија – Швајцарија 24-31
19.01.2003 - Швајцарија – Македонија 34-30
31.10.2012 - Македонија – Швајцарија 30-24
12.06.2013 - Швајцарија – Македонија 22-27
29.10.2014 - Македонија – Швајцарија 27-20
10.06.2015 - Швајцарија – Македонија 17-26

Меѓусебни натпревари Македонија - Финска: 
21.01.2004 - Македонија – Финска 36-30
25.01.2004 - Финска – Македонија 30-30

>>> Брестовац: Ги сакам сите играчи спремни, ривалите ни се коректни

>>> Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите две селекции од сите групи, како и четири најдобро рангирани селекции кои ќе завршат на третата позиција. Директен пласман досега обезбедија шампионот и вицешампионот Шпанија и Хрватска, како и Словачка и Унгарија