Прост го продолжи договорот со германски Гепинген

Голманот на словенечката репрезентација, Примож Прост го продолжи договорот со бундеслигашот Гепинген до 2019 година. Задоволни од сезоната на Словенецот, челниците на клубот му понудија уште три години соработка и сега не ризикуваат да го загубат без обештетување.

Прост од 2013 година го брани голот на Гепинген, а претходно настапуваше за Горење, Силкеборг и Монпелје. Тренерот на екипата Ролф Брак го испофали професионалниот пристап на екипата и го потенцираше како пример за помладите во клубот.

34-годишниот Прост со словенечката репрезентација освои бронзен медал на Светското првенство во Франција минатата година.