Промена на домаќинството: Еурофарм Пелистер за викендот ќе гостува во Радовиш

Екипите на Еурофарм Пелистер и Радовиш, во согласност со Ракометната федерација на Македонија, го променија домаќинството на меѓусебните натпревари оваа сезона.

Тоа значи дека оваа недела пелистерци ќе гостуваат, а требаше да бидат домаќини во „Боро Чурлевски“. Второто соочување, пак, во ноември ќе се одигра во Битола.

Радовишани по три меча немаат победа во Суперлигата. В недела ќе имаат тешка задача против еден од фаворитите за највисок пласман оваа сезона.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Радовиш се игра во терминот од 18:00 часот.