• Иван Димовски

Македонскиот суперлигаш Тинекс Пролет ги започна подготовките за новата сезона. Целта на клубот одново останува иста, пласман во плеј-офот и битка за горниот дел од табелата во Суперлигата.
Алексо Лембанов ги свика своите избраници, ги започна подготовките и тргна во нова сезона со клубот. На првата прозивка беше и најголемото засилување, интернационалецот Томислав Јагуриновски, како и повратникот Александар Василевски и голманот од Црна Гора, Данило Михаљевиќ.
Пролет веќе утре заминува на подготвителен период во Пехчево, каде што ќе се задржи осум дена. Потоа следи враќање во Скопје, а клубот ќе учествува на турнир во Врање, Србија. На 12 и 13 август Пролет ќе ги одмери силите со швајцарски Базел и домаќинот Динамо Врање. До крајот на подготовките ќе се учествува и на турнир во Охрид, со домаќинот, Тиквеш и Партизан.