Пролет запиша нова победа, радовишани пресилни за младите вардарци

Најпријатното изненадување во ракометната Суперлига, скопски Пролет забележа нова победа, откако вечерва во Скопје падна и Прилеп, која загуби со 38-30 (18-14). Екипата на тренерот Матлиески водеше во текот на сите 60 минути и гостите не а ниту блиску до позитивен резултат.

Џонов со осум гола и браќата Василевски со по седум се истакнаа кај победничкиот тим, а најефикасен во гостинскито табор од Прилеп беше Јанчев со девет погодоци.

Радовиш ја оправда улогата на фаворит и пред своите гледачи славеше против Вардар Јуниор со 36-27 (19-10). 

Утре на пладне Металург 2 го пречекува лидерот Пелистер, а дербито се игра в среда во Охрид, каде екипата на Горан Андоновски ќе го пречека Еурофарм Работник.
 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0