Пролет во вториот дел го „скрши“ најслабиот тим во лигата

Ракометарите на Пролет славеа во дуелот со Радовиш со 23-19 (11-11) во натпреварот од 21. коло на Суперлигата. Сепак, победата не значи многу за екипата на Матлиески и Пролет ќе разигрува во плеј-аутот, каде ќе бидат и радовишани.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Радовиш:

Средбата тргна израмнето, а потоа домаќинот се наметна и успеа да поведе со 7-3. Се одржуваше Пролет во позитива во првата половина на полувремето, меѓутоа потоа дозволи гостинот да се врати. Радовиш со добра игра стигна до егал, па на пауза се замина со 11-11.

Во второто полувреме се играше егал само на стартот, меѓутоа бргу Пролет успеа да се наметне и да изгради предност. Резултатот варираше околу три и четири гола во завршницата и на крајот избраниците на Никола Матлиевски славеа со 23-19.

Апсолутно најдобар играч на теренот беше Лазар Адамовиќ со десет реализации, но недоволни за успех на гостите. Во победничкиот табор се истакнаа Стефан Атанасовски и Александар Василевски со по пет гола.