Пролет со победа над Тиквеш тргна во Суперлигата

Екипата на Пролет 62 со победа ја отвори Суперлигата и на домашен терен го совлада ГРК Тиквеш со резултат 22-19 (12-10).

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 и ГРК Тиквеш:

Дуелот на двата суперлигаши почна рамноправно, а Тиквеш имаше неколку нереализирани напади и шутеви во стативата или крај голот, моменти кои донесоа 8-4 за Пролет. До финишот на првиот дел, кавадарчани успеаја да ја преполоват негативата (12-10).

Потоа преку Тајник и Манасков, ракометарите на Тиквеш дојдоа на минус еден (14-13), беше и 15-15, но кога најмногу требаше, стапи на сцена голманот Солев кој ги сопре налетите на ривалот. Пролет пак се одлепи на три гола позитива кои ги задржа до финишот.

Никола Стоилевски со седум гола беше најдобар кај победникот со седум гола, а голманот Бојан Солев имаше 13 одбрани. Кај Тиквеш, Димитар Коцев даде пет, а Мартин Манасков четири гола.