Пролет го грабна последното плеј-оф место во Суперлигата

Екипата на Пролет успеа да слави над тимот на Прилеп (40-24) и со посакуваниот триумф влегува во плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат.

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Пролет и Прилеп: 

Домаќинот важеше за апсолутен фаворит, а на домашен терен ја оправда улогата против прилепчани кои се на претпоследното место на табелата. Разликата на паркетот беше евидентна уште од самиот старт, кога тимот на Матлиевски почна да диктира темпо и да гради разлика, која ниту еднаш не ја испушти.

Пролет со три брзи гола го отвори натпреварит и обезбеди позитива од 5-2, за потоа, гостинот да влезе во голема криза и да му даде шанса на домашниот тим да има високи 13-4. Потоа, Пролет водеше и со 15-10 и на полувреме со 19-13, а потоа, се дојде до 26-16, прво двоцифрено водство кое ниту еднаш не се испушти до крајот.

Ролевски беше главна фигура на овој натпревар со 11 постигнати гола, Џонов постигна пет, а Даев и Александар Василевски по четири погодоци. Капитенот Андоновски го заврши мечот со три постигнати гола, исто колку и младиот Бојан Манев.

Пролет ја завршува сезоната во лигашкиот дел со 12 победи, едно реми и пет порази. Прилеп, пак, има три победи, едно реми и 13 порази и е пред фенерџијата Борец, кој на сите мечеви оваа сезона доживеа порази.

Во плеј-офот од нашиот шампионат ќе играат Еурофарм Работник, Пелистер, Бутел Скопје и Пролет, а таму се приклучуваат и Вардар и Металург.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0