Пролет сигурен за крај, четиринаесет порази за Струга во плеј-офот

Ракометарите на Пролет 62 ја оправдаа фаворитската улога и со победа над Струга (33-27) ја затворија сезоната во плеј-офот на Суперлигата. Скопскиот тим се радуваше на свој паркет во салата „Македонско сонце“ против аутсајдерот и последнопласиран тим на табелата. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 и Струга:

Веднаш на стартот момците на Јовиќ влегоа фуриозно. Пролет се одлепи и изгради предност од пет гола (6-1), а потоа успеваше релативно лесно да ја брани. Најблизу стружани се приближија на минус три (9-6), меѓутоа до одморот водството се зголеми и на пауза се замина со 20-14. 

Во продолжението Пролет продолжи онаму каде што застана во првиот дел, па поведе со максимални десет разлика бргу по стартот на полувремето (29-19). Сепак, скопјани како да се опуштија и тоа гостинот го искористи за да го ублажи поразот. 

Бошњак и Тренчевски од Струга со по шест гола беа најефикасни, додека кај Пролет се истакнаа Стојановски и Крстевски.