Пролет се надоврза на мизерната сезона на Борец за нова рутина на домашен терен

Фенерџијата во македонското првенство ГРК Борец го доживеа поразот број 14 во исто толку натпревари во новата сезона. Ракометарите на Тинекс Пролет имаа полесен тренинг и на домашен терен рутински се справија со аутсајдерот, победувајќи со 42-26.

Иако влегоа опуштено во првите 15 минути, домаќините постојано беа во позитива, што им овозможи да го контролираат мечот и да ја покажат разликата на теренот. Гостинскиот тим одржуваше резултатски приклучок до 6-5, а потоа покажа лоша организација во нападот и дозволи противникот да направи серија од 9-3 која има донесе значителна предност.

Името на победникот беше извесен, а домаќинот ги броеше минутите до деветтата сезонска победа. Второто полувреме се одвиваше според сите очекувања и донесе конечен резултат од 42-26.

Најефикасни поединци во екипата на Пролет беа Манев со седум и Џонов со шест гола, а кај Борец, Борис Илиевски запиша 11 гола. 

Тинекс Пролет ја продолжува борбата за плеј-оф место со Пелистер, кој денес игра против екипата на Вардар Јуниор.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4