Пролет рутински го надигра Партизан и закажа Куп-четвртфинале со Алкалоид

Ракометарите на Пролет 62 немаа никакви проблеми во натпреварот со Партизан Спорт и го совладаа ривалот со убедливи 43-28, обезбедувајќи си финален натпревар против Алкалоид за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. 

Фаворитот, воден од тренерто Матлиески, комплетно ја оправда улогата и водеше со сигурни 25-14 на паузата, а потоа ја одржуваше големата предност во второто полувреме и сосема заслужено се радуваше на триумфот. 

Во финалниот натпревар Пролет ќе се сретне со тимот на Кирил Лазаров, кој претходно со комбиниран состав го надигра Мулти Есенс со конечни 37-12. Дуелот меѓу двата скопски тима се игра вечерва од 20:00 часот.

На завршниот веќе се пласираа Вардар 1971, Еурофарм Пелистер и Охрид.