Пролет претстави две засилувања, пристигнаа Шилегов и Глигоров

Мице Шилегов е новото засилување на Пролет откако десното крило го стави својот потпис на едногодишниот договор со македонскиот суперлигаш.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија има богато искуство од настапи на домашната сцена, каде ги бранеше боите на Металург, Охрид и Голден Арт, од каде се приклучува на екипата на Пролет.

Заедно со Шилегов од редовите на Голден Арт пристигнува и Андреј Глигоров, 20-годишен кружен напаѓач кој важи и за специјалист во играта во одбрана.

Двајцата нови ракометари се појавија на стартот на подготовките за новата сезона и се очекува да имаат значајна улога во дресот на Пролет во наредната сезона.