Пролет попушти во вториот дел и загуби на гостувањето кај Тиквеш

Ракометарите на Тиквеш прокнижија нови бодови на своето конто во Суперлигата, откако во последниот натпревар од 12. коло пред својата публика славеа над Пролет со сигурни 21-18. 

  • Koмплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Пролет:

Кавадарчани до својата петта победа во домашниот шампионат, со кој се вратија во плеј-оф зоната (петто место) стигнаа по пресврт и по брилијантно одиграно второ полувреме. 

Првите триесет минути минаа во знакот на многу технички грешки и мал број голови на двете страни. Во ваквата игра подобро се снајдоа гостинските ракометари кои на пауза заминаа со два гола предност (7-9), но во вториот дел играта на Пролет целосно се распадна. 

Тиквеш искусно го искористи тоа, брзо ја анулира негативата и влезе во серија, која што на крај му донесе сигурна победа од 21-18. Во домашниот состав одлични беа Коцев и Мијушковиќ со по шест гола, а четири постигна Димовски. За Пролет прв стрелец беше Палевски со пет гола.