• Мартин Танасковски

Ракометарите на Пролет 62 забележаа значајна победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 со 23-21, во натпревар од плеј-аут групата на Суперлигата.
- Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Пролет:
Со овој триумф, Пролет сега има 15 бода на третата позиција и е многу блиску до обезбедување опстанок, оставајќи ги Куманово и Струга во директна пресметка околу тоа која екипа ќе игра бараж.
Скопскиот тим имаше одличен старт и во првото полувреме водеше со 12-7, а на паузата избраниците на Мајнов заминаа со предност од 14-11. Домаќините во вториот дел во неколку наврати се заканија и успеаја да намалат на минус еден во последните десетина минути, но не успеаја да стигнат до израмнување.
Голманот Трајков беше главна фигура во моментите кога пелистерци се доближуваа додека кај стрелците кај Пролет се истакнаа Стоилевски со осум и Стојановски со седум погодоци. Во редовите на битолчани, голманот Јовановски запиша 15 интервенции, додека најефикасен беше Азиз со пет гола.

