• Мартин Танасковски

Екипата на Пролет 62 го освои третото место на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако по пенали славеше над ГРК Тиквеш (24-24, 29-27). Дуелот на двата македонски суперлигаши беше израмнет, а се реши по изведување на седмерци, иако кавадарчани имаа наапад за победа.
Тиквеш и Пролет константно беа рамо до рамо резултатски, беше 10-10, на полувреме 12-12, аа на 30 секунди пред крај на семафорот стоеше 24-24. Тиквеш имаше напад за победа, одбраната на Тиквеш постави блок и успеа да го одведе мечот на пенали.
Победникот го дадоа пеналите, кои се шутираа сигурно се додека кавадарчани не промашија пенал што беше и единствениот нереализиран седмерец. Тоа беше при 27-26 за Пролет, кога голманот на скопскиот клуб одбрани пенал.

