Пролет не ја издржа драмата, Куманово во 70 секунди до бод

Ракометарите на Куманово се изборија за бод против екипата на Пролет 62 и ремизираа со конечни 28-28 во шеснаесеттото коло од македонската Суперлига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и Пролет 62: 

Домашниот тим одигра подобро во првото полувреме и замина на паузата со предност од три гола (17-14), но потоа скопскиот состав се врати во игра, па дури и го презема водството на три и пол минути до крајот (25-26). Неизвесната завршница донесе мала драма на теренот, кумановчани не се предадоа лесно и успеаја да анулираат минус од два гола во 70 секунди.

Голот за реми пристигна на три секунди до крајот, со кој стигнаа до 28-28 и еден освоен бод пред својата публика. Најдобар поединец кај Пролет беше Давор Палевски со 11 голови, а на спротивната страна осум погодоци постигна Тоше Ончев. 

Пролет сега има скор од пет победи, две ремија и девет порази, додека Куманово има два триумфи, едно реми и дури тринаесет порази.