Пролет му се одмазди на Пелистер и се зацврсти на четвртото место

Екипата на Пролет 62 со посакувана победа ја заврши 2019 година и на домашен терен прокнижи бодови со Пелистер (36-26), инаку стар должник, поради непланираното реми на првиот меѓусебен меч во Битола.

За разлика од претходната средба, на оваа Пролет водеше уште од самиот старт и ниту еднаш не дозволи Пелистер да се понадева дека може да изненади во салата „Македонско сонце“. Со трите бода против „зелените“, ракометарите на Пролет се зацврстија на четвртата позиција, последна од лигата која води во Европа.

Што се однесува до натпреварот, освен стартното водство, Пелистер ниту еднаш не беше во предност. Пролет поведе со 4-3, па потоа беше и 9-6, а предноста од три гола се држеше и понатаму (12-9). До полувремето, позитивата се удвои на шест гола (17-11), а вториот дел за избраниците на Матлиески беше само рутинско одржување и воедно зголемување на разликата.

Најдобар кај стрелците беше Андоновски со осум гола, Џонов даде шест, а Аларов, Мајнов и Игнов имаа по пет, додека кај битолчани Петровски постигна шест, а Трајковски имаше вкупно пет погодока.

Пролет има девет победи во Суперлигата и вкупно 29 освоени бода, два помалку од третопласираниот Бутел Скопје. Пелистер, пак, е седмопласиран со 14 освоени бода.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4