Пролет лесно победи во Велес, Џонов постигна 11 гола!

Во последниот натпревар од 6. коло на Суперлигата, одложен заради настапот на Пролет во ЕХФ Купот, вечерва во Велес, домашниот Борец загуби од Пролет на Никола Матлиевски со 24-36 (13-17).   

Иван Џонов со 11 гола беше најефикасен во победничкиот тим од Скопје, а по четири погодоци постигнаа Мартин Манасков и Стефан Трајковски. Кај Борец единствена светла точка беше Димитар Минов со 11 голови.

Утре Еурофарм Работник и Прилеп со дуел во спортската сала „Боро Чурлевски“ од 17:00 часот го почнуваат 7. коло од Суперлигата. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0