Пролет лесно ја „скокна“ првата пречка за осминафинале во Купот

Ракометарите на Пролет ја „скокнаа“ првата пречка во Купот на Македонија, откако на домашен терен го декласираа Кичево со 51-20 (24-5). Суперлигашот очекувано дојде до осминафиналето, на убедлив начин победувајќи го инфериорниот ривал. 

Во првиот дел кичевчани дадоа само пет гола, а во продолжението одиграа пореспектабилно. Сепак, тоа не ги спаси од убедлив пораз во Скопје. Најдобар поединец на мечот беше Доне Мајнов со 14 реализации, пред Виктор Додевски кој даде девет. Кај Кичево со пет гола најдобар беше Дамјан Наумовски.

На останатите терени, пласман во осминафиналето обезбедија ракометарите на Драчево со победата против Работнички (25-30), Скопје беше подобар од Текстилец (35-19), Голден Арт го победи Партизан 2016 (41-19), а Јуниор Кисела Вода беше подобар од Куманово (32-19). 

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија