Пролет ја оствари целта, ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија

Екипата на Пролет 62 ја оствари целта и со победа над Еурофарм Пелистер (26-30) во финалниот натпревар од групата обезбеди место на завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија на кој ќе играат најдобрите од секоја група.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 и Еурофарм Пелистер 2:

Младите пелистерци кои беа предводени од нов тренер на овој турнир поради заминувањето на Александар Јовиќ не успеаја да ја минат финалната пречка. Домаќинот се покажа како подобар, откако си ја заврши задачата во второто полувреме.

На пауза резултатот беше 14-12 за Пролет, а потоа од 17-15, ракометарите на Лембанов влегоа во серија и заминаа на 20-15. Позитивата од пет гола потоа константно се одржуваше, а во еден момент скопскиот суперлигаш водеше и со седум гола (28-21).

Најдобар кај победникот беше Мартин Димов со седум гола, пред Дејан Пецаковски со шест, додека Палевски и Додевски стрелаа по четири пати. Кај Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојаноски реализира седум гола, а Павле Петровиќ даде пет погодоци.

Пролет – Еурофарм Пелистер 2 30-26 (14-12)

Спортска сала „Македонски сонце“
Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Пролет:
Петковски, Тотиќ, Василевски 2, Пецаковски 6, Додевски 4, Димов 7, Андоновски 3, Мајнов, Т. Димовски 3, Крстески, Стојановски 1, Фичорски,  Јанчев, Михаљевиќ, Палевски 4, Спасовски
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 16 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски 1, Печурица, Јанковски, Бошњак. С. Ристевски 1, М. Димовски, Димитровски 2, Талевски 2, Петровиќ 5, Ивановски 8, Буторац, Белистојановски 7, Х. Ристевски, Маџовски, Мијушковиќ, Блажевски
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 16 минути