Пролет и Матлиевски „раскинаа“ по четиригодишна соработка!

Екипата на Пролет им соопшти лоши вести на своите навивачи. Од денес тренерската функција повеќе нема да ја извршува Никола Матлиевски.

Според соопштението од клубот, соработката меѓу двете страни спогодбено e раскината.

„Денес спогодбено ја прекинавме соработката со Никола Матлиевски. Му благодариме на овој стручњак за максималната посветеност и професионализмот во работата во изминатите четири години и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, гласи соопштението на клубот.

Матлиевски пристигна пред четири години на местото на Илија Темелковски. Сега си заминува поради незадоволувачки резултати, во период кога екипата се бори во плеј-офот од македонското првенство.

Во досегашниот тек од доигрувањето, Пролет има четири победи и исто толку неуспеси.