Симултанка на Џонов, Пролет го „скрши“ незгодниот Работнички

Екипата на Пролет се намачи, но успеа да слави над повратникот во елитата Работнички (38-36), за да остане непоразен на домашно тло.

Избраниците на Матлиески важеа за фаворити, но доста добро се намачија за да освојат полн плен. Работнички цело време правеше проблеми, но во финишот, пресудија поискусните ракометари на домаќинот, за нова радост во Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Работнички:

Дуелот во домот на Пролет се реши во неизвесна завршница. Работнички даде голем отпор, а резултатот беше претежно изедначен. На паузата беше 18-18, мечот продолжи во исто темпо и понатаму, а прашањето околу победникот се реши во последните десет минути.

Пред влезот во последниот дел од мечот, беше 32-31 за домашните, а Мајнов донесе плус два (33-31). Следеше техничка грешка на Работнички, па погоди Мартин Поповски (34-31), па така, до финишот на мечот Работнички само бркаше, но ниту еднаш не успеа да ја загрози победата на Пролет.

Најдобар кај домашните беше Џонов со 15 погодоци, додека кај гостинската екипа се истакна Палевски со девет гола.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4