Пролет го напуштија тројца ракометари, клубот нема да доведува засилувања

Екипата на Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец. За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Суперлигата, а потоа и во плеј-аут натпреварувањето.

Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски. Пролет нема да ангажира нови ракометари зимава, откако како клуб одлучи дека е вистински момент да им се даде шанса на дел од помладите играчи, да почнаат да блескаат и на сениорската сцена.

„Горди сме на младинската и кадетската екипа што бележат добри резултати во своите категории, а како клуб кој отсекогаш бил препознатлив по тоа што давал шанса на млади и перспективни македонски ракометари, тренд што повторно ќе го потврдиме и со новата генерација таленти од Пролет“, велат од клубот од Скопје.

По првиот дел на Суперлигата, Пролет е деветти со 11 бода.