ВИДЕО: Пролет го надигра Радовиш, Бутел во вториот дел ги „скрши“ младите вардарци

Во рамките на 16. коло од ракометната Суперлига, ракометарите на Пролет 62 и Бутел Скопје славеа очекувани победи, против тимот на Радовиш, односно Вардар Јуниор.

Пролет 62 на домашен терен славеше триумф против Радовиш со 40-30 и практично го обезбеди пласманот во плеј-оф завршницата на шампионатот. По почетните 1-1, во продолжение ракометарите на Пролет ја имаа контролата во играта и имаа константна предност, која достигна и максимални +5 (15-10). На таа предност, радовишани одговорија со серија 0-3 и намалија на 15-13. До крајот на првиот дел се продолжи со ефикасната игра и на одмор со предност од 20-16.

Аларов со 14 и Ролевски со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот табор, а Симиќ и Илиев со по девет гола одиграа одличен натпревар за радовишани.

Вториот дел ракометарите на Пролет го отворија со серија од 4-1 и се одлепија на недостижни за радовишани +7 (24-17). До крајот избраниците на Никола Матлиески одиграа рутински и славеа сосема заслужена победа од 40-30.

Ракометарите на Бутел Скопје во вториот дел го скршија отпорот на Вардар Јуниор за триумф од 28-21 (15-13) и до крајот ќе водат грчевита битка со Охрид за пласман во плеј-офот. Младите вардарци беа рамноправни во првиот дел и не му дозволуваа на фаворитот да се одлепи резултатски. Бутел во продолжение ја оправда фаворитската улога, најпрво се одлепи на највисоки 20-15, предност која на крајот се покажа како доволна за победа од 28-21.

Димовски со шест и Златко Мојсовски и Григориев со по пет гола се издвоија во тимот на Котевски, а Крстевски со осум и Кукуловски со седум гола беа најдобри меѓу младите вардарци. 

Лесна домашна победа запиша и Охрид, кој пред своите гледачи гос овлада Прилеп со 35-19. Блажевски со осум и Петровиќ и Ристески со по пет гола беа најдобри во тимот на Андоновски, а Трајкоски со пет гола се истакна кај прилепчани.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4