Пролет едвај го „скрши“ Металург 2 за „два од два“ на стартот на Суперлигата! 

Второто коло од новата сезона на Суперлигата започна идентично како првото – со пораз на новајлијата во лигата, Металург 2. 

Избраниците на Игор Котевски по стартниот пораз од Металург, вечерва на свој терен беа надиграни од тимот на Пролет, но повторно не разочараа. Металург 2 играше атрактивно и борбено, долго време му парираше на фаворитот, но на крај клучно беше искуството на гостинот, кој својот втор овосезоноски успех го круниса со триумф од 32-33.

  • Кимплетниот натпревар меѓу Металург 2 и Пролет: 

Стартот на мечот им пропадна на младите металурзи, кои тргнаа со водство од 4-2, а откако Пролет израмни на 4-4, долго време се играше гол за гол. Така беше до финишот кога тимот од „Македонско Сонце“ стигна до позитива од 12-13 на полувреме. 

Во вторите 30 минути избраниците на Матлиевски ја презедоа иницијативата во свои раце и со серија 3-0 се одлепија на 18-21 во 40. минута. Предноста на Пролет растеше од минута во минута, а во последните десет минути се влезе со 25-30 за гостите. Ниту таа позитива не му донесе мирен финиш на Пролет, затоа што Металург 2 не се предаде така лесно, намали на 31-32, па израмни на 32-32. Но, Џонов беше на висината на задачата во последните мигови и по соло-акција погоди за конечни 32-33 за својот тим. 

Џонов со десет и Поповски со шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Кофиловски и Мелевски постигнаа по шест погодови кај поразениот состав. 

Останатите четири натпревари од второто коло се закажани за утре, а највозбудливо се очекува да биде во Струга, каде гостува подмладениот Пелистер

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0