• Иван Димовски
Ракометарите на Пролет ја забележаа петтата победа во Суперлигата, откако славеа над Струга со 38-26 (18-14). Средбата од 14. коло понуди одлична игра на фаворитот од почеток до крај и заслужен триумф.
- Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 - Струга:
Само стартот беше израмнет, Струга до 2-2 целосно парираше. Потоа во продолжението уште еднаш гостите пријдоа на гол дефицит (6-5), а тогаш Пролет се наметна и почна да се одлепува. Поведе скопскиот тим поубедливо, стигна и до „плус шест“ во првиот дел, а на одмор се замина со 18-14.
Во вториот дел одново Пролет стигна до шест гола разлика, а тогаш Струга врза три во низа (22-19). Следеше период во кој момците на Јовиќ целосно се одлепија, стигнаа до девет разлика и на крајот рутински славеа. Резултатот по шеесет минути беше највисоката двоцифрена разлика од 12 гола.
Најефикасен на мечот беше Ненад Костоски со осум гола кај стружани, а кај победниците Бакар и Стојановски постигнаа по шест.