Пролет до петта радост по ред во лигата кај аутсајдерот Прилеп

Екипата на Пролет 62 продолжи со победите во Суперлигата и како гостин кај Прилеп славеше со убедливи 27-40 (13-19).

Големиот фаворит ја оправда улогата и запиша нова радост, односно петта победа во низа во ракометната елита. Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на самиот старт, кога гостинот поведе со 2-6, а останатиот дел од мечот беше само рутина.

За првпат, Пролет поведе двоцифрено кога на семафорот стоеше 17-27 и ниту еднаш на Прилеп не му дозволи да ја загрози позитивата. Најдобар кај победникот беше Мајнов со седум гола, Трајковски исто така запиша седум, додека кај Прилеп, Бозароски заврши со шест гола.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 ПелистерПелистер 6 2 2 2 151:152 -1 8
7 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
8 РаботничкиРаботнички 6 1 1 4 176:205 -29 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1