Прокоп призна: Разочарани сме, овој натпревар ќе остави трага

Хрватската ракометна селекција го прекина сонот на моќната Германија за пласман меѓу најдобрите четири селекции на Европското првенство, со триумфот од 25-24. Иако „панцерите“ долго водеа, „коцкестите“ во клучните моменти беа сигурни и во финишот го добија дуелот. Вреди да се напомене дека голманот Шего по речиси 45 минути без интервенција, го одбрани клучниот зицер за победа. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Шего е херој на „каубоите“ – еве како донесе полуфинале за Хрватска!

Селекторот на германската репрезентација Кристијан Прокоп зборуваше за медиумите по поразот и останувањето без шанси за полуфинале, што беше целта пред почетокот на турнирот. 

„Овој пораз беше разочарувачки, останува голема празнина. На крајот останавме со празни раце. Не ги користевме шансите во вториот дел и падна нашето темпо на игра. Натпреварувањето не е завршено, имаме уште две средби. Ќе играме против домаќинот Австрија, тие ќе направат што е во нивна моќ за да не победат. Љубопитен сум да видам како ќе се постават“, изјави Прокоп. 

Германија има за што да жали, бидејќи на голот го имаа одличниот Андреас Волф и пет голови предност, но колегите потфрлија во нападот и на крајот го загубија дуелот.