Прокоп: Добивме силни противници кои ќе имаат огромна поддршка од трибините!

Европскиот ракометен шампион, Германија, ќе биде противник на нашата селекција на претстојното ЕП во Хрватска. Избраниците на Гонзалез кои се најдоа во групата Б, ќе се соочат и со Словенија и Црна Гора, но дефинитивно најтешкиот дуел ќе биде токму со „панцирите“.

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, вели дека има јасна цел на ова ЕП, а првиот чекор им е да ја минат првата група, која самиот вели дека е многу квалитетна. 

„Точно знаеме што е нашата задача. Во група сме со селекции кои играат карактеристична игра, и сигурно ќе имаат огромна поддршка на трибините, но мораме да се справите со сето тоа и да се пласираме во втората фаза. Се надеваме дека и ние ќе имаме поддршка во Загреб“, истакна германскиот селектор. 

Натпреварите од оваа Б група ќе се играат во Загреб, а нашиот состав силите со Германија ќе ги одмери во последното, трето коло, кое е закажано за на 17 јануари.