Прокоп доби нов договор, ќе го води Хановер до 2026 година

Не беше многу успешен во улогата на селектор на германската репрезентација како наследник на Дагур Сигурдсон, но солидно си ја врши работата во Хановер. Германскиот стручњак Кристијан Прокоп го продолжи договорот со Хановер до јуни 2026 година.

Хановер минатата сезона заврши на седмото место во Бундеслигата. Прокоп на клупата на овој тим пристигна во 2021 година како замена за Антонио Карлос Ортега.

Во својата кариера го водеше и Лајпциг во најквалитетната лига на светот, од каде пристигна на клупата на германската репрезентација (2017-2020).