• Саше Љолес
Организаторите на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, на свеченото затворање ги објавија најдобрите екипи и ракометари на овогодинешното издание кое по осми пат се одржа во Прилеп.
Трофејот од турнирот ѝ припадна на екипата на Дубочица од Лесковац, од која доаѓа и најдобриот стрелец, Горан Ристовиќ.
Признанието за најкорисен и најдобар ракометар на турнирот оди кај Божидар Илиески од екипата на Мулти Есенс, а за надобар голман беше прогласен Иван Ангелески од РК Прилеп.