Продолжуваат проблемите за Металург: Дупјачанец истегнал лигамент, Ѓорѓeски има стомачен вирус

Македонскиот суперлигаш Металург никако не може да комплетира еден квалитетен натпревар во подготвителниот период. Тимот од Автокоманда и вчера на турнирот во Србија одигра солиден дуел против хрватскиот вицешампион, Нексе Нашице, но повторно попушти во финишот и забележа минимален пораз од два гола разлика, 27-29.

Можеби најголемата причина за немоќта во клучните моменти на избраниците на Стојановиќ е стеснатиот ростер со кој располага српскиот стратег. За „Кањижа Купот“, Металург отпатува без повредените Танкоски и Чантурија, додека на овој турнир остана и без двајцата први голмани. 

Искусниот Дупјачанец истегнал лигамент, додека Ѓорѓески има стомачен вирус, па цел товар падна врз плеќите на младиот чувар на мрежата Мијатовиќ, кој ланската сезона ја заврши како трет голман на Металург 2. Според инфмормациите кои ги добивме од клубот Ѓорѓески на тренинзите ќе им се приклучи веднаш по враќањето на тимот од Србија, додека Дупјачанец ќе паузира најмалку една седмица.

Исто така поради стомачен вирус од составот на Металург изоставен беше и Кондев. Поранешниот македонски шампион попладнево од 15:00 часот го игра последниот дуел од овој турнир против тимот на Партизан