• Зоран Мишевски
Европското првенство во ракомет следната година по многу работи ќе биде историско. ЕХФ објави дека 45% од влезниците за Европското првенство догодина во Германија се продадени или околу 200.000.
Бројките велат дека во Дизелфорд на отворањето ќе присуствуваат повеќе од 50.000 гледачи што ќе претставува и апсолутен рекорд.
Во Дизелдорф во „Меркур Шпил Арена“ на 10 јануари од 18.00 часот Македонија ќе го отвори шампионатот против Франција, а веднаш по тој меч домаќинот Германија ќе излезе на мегдан со Швајцарија.
По овие два натпревари четирите селекции од групата се селат во Берлин, каде ќе ги одиграат преостанатите четири натпревари од групата.