• Горан Упале
Интересот за Светското ракометно првенство 2027 година во Германија не стивнува. Германскиот ракометен сојуз (ДХБ) објави дека во третата фаза од продажбата за само 30 минути биле продадени околу 15.000 билети.
Најголем интерес владее за натпреварите на германската репрезентација во Минхен и Келн, каде дополнителните контингенти билети повторно биле распродадени за само неколку минути. Целосно распродадени се и моментално достапните билети за натпреварите од групите во кои ќе играат Данска во Кил и Исланд во Магдебург.
„Брзината со која дополнителните контингенти беа разграбани е извонредна“, изјави претседателот на Управниот одбор на ДХБ, Марк Шобер, кој истакна дека интересот за натпреварите на Германија и понатаму значително ја надминува понудата.
Сè укажува дека Германија ја очекува вистинска ракометна еуфорија на СП 2027, а Македонија на овој собир ќе биде сместена во групата Х, каде уште ќе бидат и селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија.
