• Саше Љолес
Хрватскиот ракометар, Домагој Павловиќ, ќе замине на итна операција на коленото, која ќе го оддалечи од терените во следните шест месеци, јавуваат германските медиуми.
Повремениот хрватски репрезентативец е член на Мелсунген, каде тренер е поранешниот вардарец, Роберто Гарсија Парондо, а шпанскиот стратег сега ќе мора да пронајде нови опции во нападот и да креира нови опции во тимот, без Павловиќ во него. Германскиот тим солидно ја започна сезоната во Бундеслигата и во моментов е второпласиран на табелата, но отсуството на Павловиќ сигурно ќе создаде одредени проблеми во офанзивната линија.
Ова значи дека средниот бек скоро целосно ќе го пропушти остатокот од сезоната, а неговото враќање би се очекувало најрано во април или мај. Павловиќ нема да биде во комбинација за настап и на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари, а ќе се одигра токму во Германија.