• Мартин Танасковски

Хрватскиот репрезентативец и екс-играч на Вардар, Лука Циндриќ, нема да може да игра за полскиот тим Киелце на најважните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.
Средниот бек се повреди за време на Мундијалот, а повредата воопшто не е наивна. Се работи за повреда на мускулот, која бара мирување од најмалку еден месец. Циндриќ нема да игра на мечевите со Кристијанштад, Монпелје и Рајн Некар Левен, а под знак прашалник е и неговиот настап на дуелот против унгарски Веспрем.
Киелце моментално е на третото место во групата од Лигата на шампионите со 12 бода, исто колку и Рајн Некар Левен и Веспрем. Има два порази во низа во групата, а следниот предизвик ќе биде тежок гостински дуел кај Кристијанштад на 9 февруари.