Проблем за Хрватска, без Мандиќ во клучниот меч со Србија

Ракометната репрезентација на Хрватска се соочува со голем проблем пред вториот дуел на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и Словачка затоа што нема да може да смета на важен играч.

Давид Мандиќ заработи син картон во 47. минута од натпреварот против Франција, а дисциплинската комисија на ЕХФ донесе одлука дека тој ќе мора да паузира еден меч, што значи дека ќе го пропушти мечот со „орлите“.

На репрезентацијата ѝ се приклучи Марин Јелиниќ кој ќе биде негова замена. Србија ја победи Украина во првиот меч, додека Хрватска без Дувњак и Циндриќ загуби од Франција.