• Мартин Танасковски

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Словенија на гостински терен во Копер, но тоа не е единствената лоша вест за нашиот ракомет, затоа што можно е сезоната да е готова за средниот бек Марко Митев.
22-годишниот ракометар се повреди лошо во средината на првото полувреме и беше изнесен на носилки. Првичните прогнози не се оптимистички затоа што според снимката и изразот на лицето на ракометарот, скоро сигурно повредени се предните вкрстени лигаменти на коленото. Додека се чекаат деталните лекарски прегледи, сите се надеваат на помалку лошата варијанта, тоа се лигаментите да се истегнати.
Доколку се покаже дека лигаментите на Митев се скинати, тогаш средниот бек го чека многу подолга пауза. Лоша вест и за Македонија која ја чека битка за ЕП 2026 и за Алкалоид кого го чекаат клучните натпревари во сезоната во Суперлигата во рамки на плеј-офот и европскиот двомеч со романска Баја Маре.