Признание за Томовски: Најдобар голман во завршницата од квалификациите!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) му оддаде признание на Мартин Томовски кој блесна во мајските квалификациски натпревари за Европското првенство. Голманот на Потсдам беше еден од хероите на Македонија во походот кон уште едно големо натпреварување во низа. 

Томовски мечот против Литванците во Скопје го заврши со единаесет интервенции, а тоа беше доволно за ЕХФ да го избере за најдобар голман за последните две рунди од квалификациите. Претходно македонскиот голман блесна и во Талин, каде што против Естонија имаше тринаесет интервенции.

Освен Мартин Томовски, во идеалниот тим се најдоа: Тен Велде (лево крило), Белос (лев бек), Станчиуч (среден бек), Ричардсон (десен бек), Ав Теигум (десно крило), Ромеро (кружен напаѓач), Лигетвари (дефанзивец). За МВП на последните две рунди од квалификациите е избран Ричардсон.