• Иван Димовски

Ракометниот суперлигаш Прилеп продолжи со екипирање и за иднината, па нов договор потпиша интернационалецот Томислав Квастек.
Хрватскиот кружен напаѓач се обврза на верност од уште две години со прилепчани, следејќи го трендот и на останатите ѕвезди како Денис Шабановиќ, Владан Кастратовиќ... Квастек стави потпис на договор до 2027 година со тимот кој е на добар пат да обезбеди опстанок во елитата.
Во Прилеп хрватскиот ракометар настапува веќе две години. Квастек своевремено пристигна од унгарски Будаи, а претходно играше и за Нексе Нашице.
