Прилеп во последното коло избори опстанок, Металург 2 оди во бараж против Струга

Ракометарите на Прилеп и догодина ќе играат во Суперлигата, откако победија во решавачкиот натпревар од плеј-аутот на гостински терен против Металург 2 со 27-29. Избраниците на Раде Стојановиќ водеа со 4-2 и 5-3, но потоа работите тргна наопаку и прилепчани заминаа на пауза со предност од три голови, 11-14.

Во вториот дел гостите имаа и +6, и таквата предност со умна игра ја задржаа и до последните десетина минути кога беше 24-29. До крајот на мечот, момците на Раде Стојановиќ намалија на 27-29, но немаше време за комплетен пресврт и натпреварот заврши 27-29.

Прилеп со оваа победа се израмни со Металург 2 на табелата и има 17 бодови, но и подобар меѓусебен скор од скопската екипа, па затоа го обезбедува опстанокот. Металург 2 ќе разигрува во баражот против Струга за останок, односно пласман во Суперлигата на 9 јуни.

Суперлига, ПЛЕЈ АУТ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Охрид 2013Охрид 2013 20 18 0 2 690:464 226 54
2 СтругаСтруга 20 17 1 2 626:469 157 52
3 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 20 10 0 10 575:569 6 30
4 РадовишРадовиш 20 9 0 11 697:642 55 27
5 ПрилепПрилеп 20 5 1 14 520:647 -127 16
6 ГРК БорецГРК Борец 20 0 0 20 458:775 -317 0